Ѓоковиќ го дочека 37. роденден на првото место на АТП листата
Најчесто, своите родендени тој ги дочекувал во Париз, на подготовките за „Ролан Гарос“, а овој ќе го прослави во Женева и тоа на терен бидејќи денеска од 18 часот игра на турнирот од серијата 250, против Ханфман од Германија.
На 37-годишна возраст, Ѓоковиќ е рекордер по бројот на Гренд слем трофеи (24), по бројот на поминати недели на првото место (426), највозрасен лидер на АТП листата итн.