Ѓоковиќ го доби првиот ривал во новата сезона - 73. на АТП листата
Србинот паузираше безмалку три месеци бидејќи негов последен настап беше Мастерсот во Шангај каде загуби во финалето од Јаник Синер. Потоа ги пропушти Мастерсите во Париз и Торино и целото внимание го насочи на почетокот од новата сезона.
Со оглед на тоа што се уште се во тек квалификациите за турнирот во Бризбејн, Ѓоковиќ утринава го доби својот прв ривал со кој ќе ја отвори сезоната. Станува збор за австралискиот тенисер Ринки Хиџиката, 73-пласиран на АТП листата, чиј најголем успех во кариерата е пласман во осминафиналето од УС Опен во 2023 година.
Ѓоковиќ и Хиџиката досега не играле меѓу себе, а нивниот прв дуел е на програмата в понеделник рано наутро по средноевропско време.