
Ѓоковиќ ги воодушеви фановите на Блискиот Исток – проговори на арапски (ВИДЕО)
При снимањето на најавата за турнирот, Ѓоковиќ и другите тенисери беа прашани дали можат да изговорат неколку зборови на арапски јазик. Србинот веднаш прифати предизвик и без потешкотии нанижа повеќе зборови и изрази од кој било друг играч. Неговото знаење беше особено впечатливо во споредба со Бугаринот Григор Димитров, кој со голема гордост успеа да изговори само неколку фрази.
Познато е дека Ѓоковиќ течно зборува англиски, шпански, италијански, германски и француски, а има познавање и од кинески. Неговата сопруга Јелена во една прилика откри дека тој зборува и руски, а лесно учи нови јазици, па има основни познавања од арапски, португалски и јапонски.