Ѓоковиќ „фатен“ во необично издание – гол до појас, со крст на гради и чудна маска на лицето (ФОТО)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, деновите ги минува во Шпанија во очекување дали ќе патува во САД на гренслем-турнирот „Ју-Ес опен“, каде што редовно тренира со надеж дека наскоро пак ќе се најде на теренот.

Србинот не се однесува како голема ѕвезда, туку редовно трча на отворено, по улиците на Марбеља, на одушевување на големиот број туристи, но и фотографи-папараци. По завршениот тренинг, тој се опушти и се соблече гол до појас, по што почнаа да светкаат блицевите, бидејќи сите сакаа да го „уловат“ во навистина необично издание.

Подоцна, коментарите на „фатените“ фотографии се фокусираат на крстот на неговите гради како и по малку необичната маска на неговото лице.