Ѓоковиќ е причината зошто Синер почна да гази сè пред себе!
Синер до ноември 2023 година немаше решение за Србинот и често губеше од него, но Италијанецот сега објасни како успеал да ги надмине предизвиците и да почне да гази сѝе пред себе.
„За мене секој меч е победа или лекција. Поразите од Ѓоковиќ ме научија многу работи. Неуспесите ќе ве разбудат од сон. Во фудбалот може да играте против Роналдо и да сфатите дека следниот пат мора да се подготвите подобро, но кога ќе биде тоа? Во тенисот е подобро затоа што имаме повеќе такви можности за напредок. Поразите ме направија посилен“, кажа Синер.