Ѓоковиќ е пред тешка одлука: Не знам дали ми треба тренер
Ѓоковиќ во разговор со новинарите во Мадрид кажа дека ќе размисли за неговата иднина, но смета дека има доволно искуство за да биде без тренер.
„Размислувам за тоа дали воопшто ми е потребен тренер. Сепак, убаво ми беше со Ненад Зимоњиќ во последните три недели, ќе разговараме и одлука ќе донесам во следниот период“, кажа Ѓоковиќ.