
„Ѓоковиќ е херој облечен во костум на негативец!“
Милман е воодушевен од настапите на Ѓоковиќ, па во својата колумна го опиша Србинот на интересен начин.
„Како секој добар филм со суперхерој и во спортот се потребни херои и негативци. И тенисот не е исклучок. Во последните 15 години, Роџер и Рафа беа нашите воини и ја воодушевија публиката. Но за да функционира оваа приказна, ни требаше и негативец, а потоа се појави Ѓоковиќ. Најверојатно најдобриот тенисер во историјата. Верувам дека многумина ќе разберат дека Ноле е херој облечен во костум на негативец. И токму тоа му требаше на нашиот спорт“, вели Милман.