Ѓоковиќ е еден од кандидатите за спортист на годината

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ минатата сезона освои три гренслем-титули и повторно е меѓу кандидатите за најдобар спортист за 2024 година.

Освен Ѓоковиќ, номинирани се и Ерлинг Халанд од Манчестер сити, атлетичарот Арманд Дуплантис, спринтерот Ноа Лајлс и Макс Ферстапен од Формула 1.

Ѓоковиќ досега четири пати ја освои наградата „Лауреус“, и тоа во 2012, 2015, 2016 и 2019 година, а и оваа година ќе биде меѓу фаворитите за освојување на признанието.