Ѓоковиќ би можел да влезе в САД, ама со финта и на – задна врата!

Евентуалниот настап на Новак Ѓоковиќ на претстојниот „Ју-Ес опен“, последниот гренслем во годината кој почнува на крајот на август, се уште е топ тема во светските медиуми и причина за милиони коментари на социјалние мрежи, на кои се бара начин како Србинот да влезе во САД.

Најдобриот тенисер на денешницата не е вакциниран поради што не може на нормален начин да стапне на американска територија, а со тоа ниту да настапи на претстојниот собир во Њујорк. Но, неговите фанови му открија начин како без проблеми да стигне до САД дури и без потврда за вакцинација. Клучот е во Бахамите, преку која Ѓоковиќ би можел да транзитира. Клучот е во фактот што кога се патува со траект или брод од оваа островска држава кон Флорида тогаш не е потребно да се биде вакциниран бидејќи никој не го проверува тоа.

Со оглед на искуството од Австралија, каде што прво беше пуштен да влезе невакциниран, а потоа ставен во екстрадициски притвор и избркан од државата без да му се дозволи настап на првиот гренслем годинава, тешко дека Ѓоковиќ би прифатил ваква авантура односно влез во САД на „задна врата“. Тоа значи дека до крај ќе чека американските власти да се смилуваат и да направат исклучок само за него, нешто што од ден на ден е се помалку веројатно.