Ѓоковиќ без проблеми го реши Шаповалов во Рим

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од турнирот во Рим, откако го совлада Денис Шаповалов со 6-1 и 6-3.

Тоа беше шеста победа по ред за Ѓоковиќ, кој минатата недела ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид.

Српскиот тенисер одлично сервираше, па дури 88% од поените кои ги постигна беа при прв сервис, а од друга страна Шаповалов не беше на свое ниво, па немаше никаква шанса против Ѓоковиќ.

Србинот ќе игра третото коло против подобриот од дуелот меѓу Чекинато и Колшрајбер.