Фоњини без многу мака го прегази Лајовиќ и го освои Монте Карло!

Фабио Фоњини денеска го потврди одличниот настап на Монте Карло, откако славеше во финалето против Душан Лајовиќ со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4.

Фоњини тргна лошо во денешниот меч, откако Лајовиќ успеа да му го одземе сервисот во третиот гем и да поведе со 2-1, но потоа Италијанецот се освести и со два брејка по ред направи пресврт за 6-3 во првиот сет.

Вториот сет почна уште повозбудливо, откако Лајовиќ го загуби првиот гем, но во наредниот успеа да го врати загубениот гем (1-1). Фоњини набрзо го „скрши“ противникот и направи важен брејк во петтиот гем за 3-2, а на крајот успеа да слави со 6-4.