Федерер се пошегува: Ова беше лудо финале, но ќе се обидам да го заборавам

Роџер Федерер загуби во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ со 2-3 во сетови, па Швајцарецот имаше што да каже по натпреварот.

Водителката го праша Федерер дали ова финале ќе го памети, на што Швајцарецот веднаш имаше одговор.

„Лудо финале, но ќе се обидам да го заборавам. Ова беше неверојатен меч, имав свои шанси и игравме одличен тенис, но Ѓоковиќ, човеку, ти честитам. Се надевам дека на повозрасните луѓе ќе можам да им дадам верба во себе. Се чувствувам добро“, порача Федерер.