Ешли Барти во финале на Австралија опен – по 42 години Австралија има финалистка!

Австралиската тенисерка Ешли Барти е прва финалистка на првиот годинешен гренслем турнир Австралија опен откако во два сета експресно за еден час ја сомле Американката Медисон Кејс препуштајќи и само четири гема во двата сета (6-1, 6-3).

Барти стана првата Австралиска тенисерка по цели 42 години која ќе игра финале на домашниот гренслем во сингл во женска конкуренција, а без преголема мака успеа да стигне до битката за трофејот.

Во првиот сет воопшто не се ни намачи за да го освии, зашто отвори со брејк, а Кејс од четирите свои сервиси загуби три, па Австралијката рутински го направи првиот чекор кон финалето, за во вториот после израмнета битка до шестиот гем да го направи клучниот исчекор со брејк за да поведе со 4-2 и потоа до крајот да ги освои своите два сервиси за да триумфира.

Таа сега ќе ја чека подобрата од второто полуфинале кое следува помеѓу деветата носителка Ига Швојнтек и Американката Даниеле Роуз Колинс, 30-та по рејтинг на овој турнир.