Епски скандал во Хрватска: Својот репрезентативец го нарекуваа коронавирус!

Епски скандал ја тресе Хрватска, откако кинескиот пингпонгар Тан Руив, кој настапува за СТК Стар од Вараждин и долги догини ги брани боите на Хрватска, доби брутални навреди од страна противнички тренер, како и од навивачите на Либертас.

На време на натпреварот, тренерот на Либертас, Марко Хабијанац, сфатил дека  неговиот тим ќе го загуби дуелот, па го „бодрел“ својот натпреварувач со зборовите: „Ајде, среди уште еден вирус...“, „Браво, страшен сервис, Коронка...“.

По оваа немила сцена свој коментар даде натпреварувачот, кој е згрозен од целата ситуација.

Тие коментираа дека сум заразен од коронавирусот, а ова ми го соопшти мојот кинески пријател Жу Гуиџи, кој ги слушнал комнтарите во текот на преносот. Се чувствувам длабоко повредено. Ова не е само навреда упатена кон мене лично, туку исто така и кон мојата татковина. Мојата земја страда и моите сограѓани умираат. Бевме премногу напатени во борбата против коронавирусот. Затоа не можам да прифатам дека во оваа човечка трагедија што ја погоди Кина и кинескиот народ, секој реагира на таков несоодветен начина, истакна Руив.