Енди Мареј доби вајлд-карта за мастерсот во Шангај

Енди Мареј доби специјална покана за настап на мастерс турнирот во Шангај, што ќе се одржи од 5-ти до 13-ти октомври. 

За Британецот тоа ќе биде трет турнир во Кина по ред, бидејќи се согласи да игра и на турнирот во Жухаи и Чајна Опен. Мареј е трикратен шампион на мастерсот во Шангај, но оваа година тој ќе биде аутсајдер.

Во јануари годинава тенисерот низ солзи објави дека ќе се пензионира од тенисот порад хроничните болки во колкот, но откако направи операција во месец март, неговата состајба се подобри. Се врати на терените во двојки, а на мастерсот во Синсинати настапи и во сингл-конкуренција, но истадна во првото коло од Ришар Гаске.