Експерт за допинг се сомнева во Надал: Шпанецот покажува некои чудни знаци...

Германскиот експерт за допинг кај спортисти, Фриц Зоргел е убеден дека најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал користи допинг.

Фриц во разговор за германските медиуми кажа дека се сомнева во Надал дека е еден од спортистите кои користи анаболички стероиди.

„Анаболички стероиди се класика во тенисот, така да не сум изненаден. Со децении ги следам случувањата и имам јасна слика. Тенисот е во топ-4 спортови кога станува збор за допинг, покрај зимските спортови и велосипедизмот. Рафаел Надал покажува чудни знаци. Имам постојана сомнеж кога ќе го видам“, вели германскиот експерт.