Две победи во еден ден: Ивановски избори полуфинале во двојки во Мадрид

Македонските тенисери Калин Ивановски и Обрад Марковски беа подобри од Шпанците Рикардо Вилакорта-Алонсо и Серхио Редондо Переира со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-4, па така се пласираа во полуфинале на турнирот во Мадрид.

Ивановски и неговиот колега во двојки немаа милост за домашните тенисери, кои ги декласираа уште во првиот сет со 6-1, по што Шпанците успеаа да се соземат за момент, но не и да се спасат од пораз (4-6).

Марковски и Ивановски за финале ќе се борат против двајца Холанѓани, Зидан Понтјодикромо и Дакс Дондерс, а мечот е закажан утре од 14.30 часот.

Ова за Ивановски беше втора победа денеска, откако претходно славеше во сингл-конкуренција против Хавиер Молино со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-2 и избори четвртфинале, каде што ќе се соочи против уште еден домашен тенисер и шести носител на турнирот, Давид Хорда Санчиз.