Дури и противникот му се поклони: Монфилс го има потегот на годината! (ВИДЕО)

Францускиот тенисер Гаел Монфилс денеска загуби на почетокот на турнирот во Хале од Хеберт со 6-7 и 4-6, но еден негов потег го одбележа мечот.

Монфилс е познат како шоу-мен во светот на тенисот, а неделава во Хале повторно ја воодушеви публиката, иако задоволството кратко траеше.

Хеберт со лоб удар го префрли Монфилс, кој потоа го стигна топчето и сите очекуваа да го врати меѓу нозе, но тој го удри од страна и тоа беше совршен удар, по кој публиката стана на нозе, а противникот му се поклони, па многумина сметаат дека ова е еден од најдобрите поени во годината.