
Досега невидено: Тенисери двапати ќе играат меѓу себе на ист Ролан Гарос!
Станува збор за Јуриј Родионов (Австрија) и Лука Пуј (Франција), кои ги одмерија силите во последното квалификациско коло, дуел кој заврши со победа на францускиот тенисер (1-6, 7-5, 6-0) со што се пласира во главниот турнир. Набрзо потоа, радоста вест доби и поразениот Австриец, кој беше избран како „среќен губитник“ и доби шанса и тој да се најде меѓу најдобрите 128 тенисери на „Ролан Гарос“. Сето ова не би било чудно ако ждрепката за првата рунда не посака овие двајца тенисери повторно да ги одмерат силите, овој пат како дек од главниот турнир на гренслемот во Париз.
Тоа значи дека Родионов задутре ќе има шанса да се реваншира за завчерашниот пораз, со една разлика што овој пат мечот ќе се игра во три добиени сета.