
Добил повик кој не можел да го одбие: Кирјос по осум години се враќа на Ролан Гарос
Кирјос сепак нема да го видиме во поединечна конкуренција и ќе настапи само во двојки
„Ролан Гарос никогаш не бил дел од мојата програма, но Џордан Томпсон ме замоли да играм со него бидејќи Макс Пурсел беше казнет. Ние веќе игравме заедно во Париз во 2017 година. Секогаш е забавно кога играм со свој сонародник“, објасни Кирјос.
Австралиецот нагласи дека е благодарен што повторно ќе може да настапува, потенцирајќи дека неговиот медицински тим вложил големи напори за тој повторно да се врати на теренот.
„Многу сум задоволен што ќе играм. Моите физиотерапевти работеа напорно за да се чувствувам добро. Одлично ја чувствувам топката, сега останува само да надоместам со натпревари“, додаде Австралиецот.
Во актуелната сезона Кирјос е далеку од неговите најдобри резултати и најдобар пласман му е второто коло на Мастерсот во Мајами.
Фото: Nick Kyrgios/FB