Црна Гора ја декласира Македонија на почетокот на Дејвис Купот

Македонската тениска репрезентација загуби со убедливи 0-3 во мечот против Црна Гора од првото коло на Третата Европска зона во Дејвис Купот.

Берк Бугариќ го загуби првиот поен од Петар Јовановиќ со 0-2 во сетови, односно 2-6 и 5-7, додека Шендрит Деари на вториот меч за Македонија беше поразен од Резарт Чунгу со 0-2 во сетови, односно 1-6 и 3-6.

Во натпреварот во двојки, Димитар Грабул и Амар Хусеиновиќ загубија со 1-2 во сетови од Шимун Кнезевиќ и Марија Самараџиќ.