Циципaс и Рубљов закажаа финале во Монте Карло

Ниту Новак Ѓоковиќ ниту Рафаел Надал не стигнаа до завршницата на мастерс турнирот во Монте Карло, па новата генерација на ѕвезди покажа дека легендите ќе имаат достојни замени. Утре за титулата во кнежевството ќе се борат Стефанос Циципас и Андреј Рубљов. 

Циципас денеска доста лесно со 6-1 и 6-2 го преслуша Даниел Еванс, кој во осминафиналето го шокираше Ѓоковиќ. За грчкиот тенисер ова ќе биде прв финале на мастерс турнир уште од Мадрид во 2019 година и сега ќе има шанса да дојде до првата титула на ова ниво.

Негов ривал во финалето ќе биде Андреј Рубљов, кој вчера го елиминираше Надал, а денеска во полуфиналето беше подобар од Каспер Руд со 6-3 и 7-5.