Циципас го преслуша Зверев за полуфинале во Лондон

Стефаност Циципас си го обезбеди пласманот во полуфиналето на завршниот мастерс турнир во Лондон, откако вечерва во рамки на 2.коло во групата „Андре Агаси“ го збриша актуелниот шампион Александер Зверев со 6-3 и 6-2. 

Гркот во вторникот го победи и Данил Медведев па со две победи во групата е сигурен патник во елиминациите. За 21-годишниот тенисер ова беше четврта победа во петте меѓусебни дуели со Германецот. 

На претходниот натпревар во оваа група Рафаел Надал во фантастичен меч го победи Данил Медведев со 6-7, 6-3 и 7-6.

Во следното коло, Циципас игра против Надал, додека Медведев се среќава со Зверев.