Циципас доби дозвола од докторите - ќе го отвори завршниот турнир во Торино!

Гркот Стефанос Циципас денеска од 14.30 часот ќе го отвори завршниот турнир во Торино, а противник ќе му биде Јаник Синер.

Учеството на Циципас беше неизвесно затоа што во претходните денови мораше да го прекине тренингот со Александер Зверев и Карлос Алкараз.

Италијанскиот новинар Симоне Етерно објави дека Циципас имал болки во грбот, но вчера добил дозвола од докторите да настапи на турнирот.

Во групата на Циципас и Синер се наоѓаат уште и Холгер Руне и Новак Ѓоковиќ, кои ќе се соочат вечерва од 21 часот.