Чудата продолжуваат: Ептен чудна двојка во финалето на Индијан Велс!

Во отсуство на Новак Ѓоковиќ, но и низа друго тенисери кои се во групата најдобри во светот, но и по чудната елиминација на фаворитите во претходните рунди, финалето на мастерсто во Индијан Велс ќе донесе пресметка помеѓу играчи на кои ретко кој на почетокот им даваше шанси за нешто такво.

За трофејот на турнирот во САД ќе се сретнат Британецот Камерон Нори, кој ноќеска полесно о очекувањата го средби Бугаринот Григор Димитров (6-2, 6-4) и Грузиецот Басилашвили, кој беше подобар од домашната надеж Тејлор Фриц (7-5, 6-3).

„Ова е мојата најголема победа во кариерата, тоа е сигурно. Но, немам намера да застанам на тоа“, изјави Нори.

Тој во понеделник ќе стане најдобро рангиран тенисер од Велика Британија, кој полека се наметнува како сериозна сила со оглед што ова ќе му биде шесто финале во 2021 година, прво на мастерс-турнирите, во кое ќе проба да ја освои втората титула.