Чориќ направи неверојатно промашување, па почна да пцуе (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Шангај го победи Борна Чориќ со 2-0 во сетови.

Хрватот го играше своето прво Мастерс финале, а во истото имаше неколку големи грешки кои на крајот ги плати скапо.

Посебно на почетокот на вториот сет, Ѓоковиќ имаше брејк-топка, а Чориќ сервираше одлично, но при следниот удар Хрватот топчето го испрати во аут, по што почна да пцуе.