
„Бугаринот двапати во очи ми рече е*и се, па морав да го воспитам!“
По инцидентот прв во јавноста се појави домашниот тенисер, кој беше поагресивниот и кој го иницира конфликтот на мрежата.
„Не сакам да се извинувам за тоа што се случи на мечот. Кога еден тенисер ќе си дозволи двапати да му каже на противникот „е*и се“ додека ме гледа во очи, тогаш не можам, а да не изреагирам на свој начин. Тоа се работи што не се прават“, напиша Муте на социјалните мрежи.
Андреев со пресврт го доби мечот (2-6, 7-6, 7-6), а поголема тепачка беше спречена по реакцијата на судијата, кој веднаш се симна од столчето и ги раздвои воинствените тенисери.