Бред Гилберт открива зошто Ѓоковиќ го ангажирал Мареј за свој тренер
Србинот неодамна го назначи својот голем пријател за нов тренер, а тоа беше големо изненадување и за неговите фанови и за сите инволвирани во тенисот. Меѓу другото и поради тоа што Мареј неодамна ја заврши играчката кариера и нема тениско искуство. Сепак, легендарниот Бред Гилберт открива што се крие зад нивната соработка.
„Енди знае многу за Новак, но знае и за играчите кои Новак ги брка. Јаник Синер и Карлос Алкараз забележаа значаен скок и Ѓоковиќ веројатно чувствува дека му е потребно нешто ново“, вели Гилберт.
Прв турнир на кој ќе соработуваат Мареј и Ѓоковиќ ќе биде австралискиот Гренд слем, а Србинот претходно ќе игра на турнирот во Бризбејн, но без својот нов тренер.