Ептен бизарно: Босански тенисер предаде меч по само - еден одигран поен!

Босанскиот тенисер Дамир Џумхур, своевремено 23-ти тенисер на светот направи потег кој сите ги остави збунети откако предаде меч во Шведска по само 36 секунди.

Џумхур имаше меч со Австриецот Филип Мишолиќ во второто коло од квалификациите за турнирот во Норде. И откако ја мина првата пречка, ништо не навестуваше дека е неподготвен или повреден, излезе на терен и прв сервираше.

Откако сервирал, а Мишолиќ вратил и му земал поен, Џумхур само се упатил кон мрежата и му честитал на противникот за победата, после само еден освоен поен на мечот и 36 секунди од стартот.