Блескавиот Ѓоковиќ го збриша Дел Потро за трета титула на „Ју-Ес Опен“! (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека полека, но сигурно се враќа во препознатливата форма од пред неколку години, откако ноќеска, без поголеми проблеми и во само три сета (6-3, 7-6, 6-3), го совлада Аргентинецот Хуан-Мартин дел Потро во финалето на последниот годинешен гренслем-турнир „Ју-Ес Опен“.

За популарниот Ноле ова е трет триумф во осмото финале во Њујорк, а дури 15. победа во пресметките со својот голем пријател од кого досега загубил само четири пати. Ѓоковиќ воедно дојде и до 14-тата гренслем-титула во кариерата, со што се изедначи со големиот Пит Сампрас.

Победата на „Ју-Ес Опен“ му донесе и чек на износ од 3,8 милиони долари како и третото место на АТП-листата, веднаш зад засега неприкосновените Рафаел Надал и Роже Федерер.