Бизарно: Прекинат дуелот Ѓоковиќ и Беретини за да се избрка – публиката!

Чудна ситуација може да се види за време на четвртиот сет во четвртфиналниот дуел од „Ролан Гарос“ помеѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини, кој мораше да биде прекинат за да може да се „избрка“ публиката од трибините.

Причина за тоа е фактот што во Франција во 23 часот почнува полициски час, поради што присутните на трибините мораа да си заминат пред да го догледаат целиот натпревар. Поради тоа, тенисерите беа испратени во соблекувалните додека редарите не ги испразнат трибините, по што се очекува продолжување.

Ѓоковиќ во моментот на прекин водеше со 2-1 во сетови, откако ги доби првите два (6-3, 6-3), а го загуби третиот во тајбрејк. Србинот има водство од 3-2 во четвртиот сет, а на сербис е Беретини.