„Бевме во две-три војни и за ‘Си-Ен-Ен’ сме негативци, затоа вака го напаѓаат Ѓоковиќ“

Поранешниот српски тенисер Јанко Типсаервиќ ја опиша цела ситуација и проблемот кој се создаде поради „Адрија Тур“, при што му даде поддршка на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ.

Типсаревиќ го организираше „Шампионатот на Источна Европа“, иако вели дека ова не е вистински момент за настан со публика.

„Ноле и останатите беа на забави, а тоа не беше потребно. Потоа сите скокнаа на Ѓоковиќ и кажаа дека не ги заштитил доволно тенисерите, што не беше вистина. Се чувствуваше лошо од првиот ден кога дозна корона, но тоа е најверојатно поради психолошки притисок, зашто го напаѓаа странските и домашните медиуми. Србија во последните 20 години беше во две-три војни, затоа сега на ‘Си-Ен-Ен’ и ‘Би-Би-Си’ сме негативци. Мислам дека некоја друга ѕвезда да го направеше ова како Ноле, никој немаше да го напаѓа до толку. Постојат места каде што го сакаат Новак, како што се Азија, Русија, Италија...“, вели Типсаревиќ.