Бекер од продажба на медалите и трофеите заработи - 765.000 евра!

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер неодамна мораше да ги продаде трофеите и наградите, кои ги освојуваше во текот на кариерата и така да собере пари за да ги врати долговите.

Бекер продаде 82 предмети, меѓу кои имаше медали, трофеи, рекети, часовници и други лични работи, а продажбата заврши во четврток.

Во купувањето напредметите учествуваа 495 лица од 32 земји, а поранешениот тренер на Новак Ѓоковиќ притоа собра 765.000 евра.

Најмногу доби за репликата на трофејот од Ју-Ес Опен од 1989 година. тогаш Бекер го победи Лендл, а сега за трофејот доби 167.000 евра.

Да потсетиме, Бекер прогласи банкрот во 2017 година.