Андрееску по освојувањето на Роџерс Купот: Серена ме натера да плачам!

Откако направи големо изненадување, совладувајќи ја во финалето фаворитката Серена Вилијамс, Канаѓанката Бјанка Андрееску истакна дека не сакала да дојде на ваков начин ндо трофејот во Торонто.

Андрееску, која ја освои својата прва ВТА титула во Индијан Велс на почетокот од оваа година, стана првата Канаѓанка кој ја освои титулата во поединечна конкуренција на Роџерс Купот од 1969 година.

Серена ме натера да плачам. Знам како е да се повлече од турнир, не е лесно. Ова не беше начинот на кој очекував да победам. Таа е вистинскиот шампион. Навистина си шампион на и надвор од теренот, изјави Канаѓанката.

Инаку, Вилијамс (37) остана во солзи во очите, откако доживеа грчеви во грбот додека 19-годишната Андрееску ја тешеше на клупата. Американката прво побара пауза во првиот сет, а потоа се повлече.

Со ова, Американката пропушти можност да ја освои својата прва титула откако се врати на теренот во 2018 година по раѓањето на нејзината ќерка.