
Американците се надеваат дека Ѓоковиќ ќе настапи на Ју-Ес Опен
Американците ќе ги променат правилата за влез на невакцинирани лица во САД во мај, па така Ѓоковиќ би можел да добие дозвола за настап на Мастерсот во Синсинати и гренслем-турнирот Ју-Ес Опен.
Тениската асоцијација на САД се надева дека Ѓоковиќ ќе ја добие дозволата и ќе заигра на турнирите.
„Правилата за влез во САД ги одредува Белата куќа. Се надеваме дека Ѓоковиќ ќе добие шанса да игра на турнирите затоа што САД ќе укине дел од правилата или ќе ги намали мерките“, кажа Крис Видмајер од тениската асоцијација.
Ѓоковиќ минатата година ги пропушти Австралијан опен и Ју-Ес Опен зашто не е вакциниран.