
Алкараз закажа меч против Лајовиќ, тежок пораз за Зверев во Мајами
Алкараз беше убедлив против Багнис и славеше со 6-0 и 6-2, додека Лајовиќ беше подобар од Креси со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-6, па би можел да го врати Новак Ѓоковиќ на врвот на АТП-листата доколку го изненади Шпанецот кој е апсолутен фаворит во мечот.
Зверев беше поразен од Тара Даниел со 0-6 и 4-6, па така покажа дека сè уште не е во форма по тешката повреда и операцијата на зглобот во изминатиот период.
Пласман во следното коло обезбедиja и Каспер Руд и Холгер Руне.