Алкараз: Сакам да се пресметам со Ѓоковиќ кога ќе биде во најдобра форма!

Шпанецот Карлос Алкараз се врати на врвот на АТП-листата, а во разговор со медиумите кажа дека повторно би сакал да се соочи со Новак Ѓоковиќ, но кога српскиот тенисер ќе биде во најдобра форма.

Алкараз и Ѓоковиќ досега одиграа само еден меч, и тоа минатата година во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, а тогаш славеше Шпанецот со 6-7, 7-5 и 7-6.

„Играв со Ѓоковиќ кога беше многу добар. Ми беше многу тешко и резултатот беше тесен. Го гледав во Австралија на почетокот на годината, таму беше на врвно ниво. Како што кажав и претходно, сакам да се пресметам со него, но кога ќе биде во најдобра форма“, вели Алкараз.