
„Алкараз мора да научи дека сезоната трае од јануари до ноември“
Тренерот на Алкараз, Хуан Карлос Фереро има објаснување за лошите резултати на младиот Шпанецот.
„Мора да научи дека сезоната трае од јануари до ноември. Ја бранеше титулата во Њујорк, имаше големи очекувања, а испадна во полуфиналето. Плати голема цена за овој неуспех. Постојано се обидуваше да се врати, но не му успеа“, кажа тренерот на Алкараз.