Алкараз изби на второто место и тргнува во атак на Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз на фантастичен начин ја почна сезоната на земја откако попладнево го совлада Музети и ја освои титулата во Монте Карло.

Со оглед на тоа што лани не играше на овој турнир, Алкараз заработи 1.000 бода и изби на второто место на АТП листата, надминувајќи го Александер Зверев на кого сега му беа 125 бода. Она што е најдобро за Шпанецот, пред него се уште неколку турнири на кои не брани бодови и може да го нападне првото место на Јаник Синер.

Разликата меѓу Синер и Алкараз во моментов изнесува 2.210 бода, а Алкараз со евентуални титули во Барселона и Мадрид може да заработи нови 1.300. Синер, од друга страна, ќе загуви 200, од Мастерсот во Мадрид, па разликата меѓу нив, во најдобар случај, пред турнирот во Рим, кога ќе се врати Синер, би била околу 500 бода.

Сепак, времето не работи за Алкараз бидејќи нему ќе му треба титула и во италијанската престолнина, со лош настап на Синер за, евентуално, да избие на чело. Потоа ја брани титулата на „Ролан Гарос“  каде Синер лани загуби во полуфиналето и брани само 800 бода.