Алкараз и Надал ќе играат во двојки на ОИ во Париз

Освојувачот на Ролан Гарос, Карлос Алкараз и неговиот сонародник Рафаел Надал ќе заиграат заедно во конкуренција на двојки на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Селекторот на Шпанија, Давид Ферер потврди дека Алкараз и Надал ќе играат заедно, а исто така повикани се Пабло Карено-Буста, Алехандро Давидович Фокина и Марсел Гранољерс во машка конкуренција.

Тенискиот турнир во Париз, кој ќе биде одржан на терените на Ролан Гарос, ќе трае од 27 јули до 4 август.