
Алкараз го победи Фриц и третпат по ред ќе игра во финалето на Вимблдон!
Алкараз ги освои изминатите две изданија на Вимблдон, а дојде на една победа до својата трета титула на овој престижен грен-слем турнир.
Денеска во меч со четири сета кој траеше нешто помалку од три часа, го победи Тејлор Фриџ со 3-1 во сетови.
Првиот сет го доби Алкараз со 6-4, но во вториот возврати Фриц со 7-5 и изедначи на 1-1 во сетови.
Во третиот сет Шпанецот беше подобар со 6-3 и го врати водството, а во четвртиот сет се играше тајбрејк кој го доби Алкараз со 8-6 за победа од 3-1 во сетови.
Алкараз во финалето ќе го чека подобриот од дербито меѓу Синер и Ѓоковиќ.
Фото: EPA Photo