Алкараз ги дозна потенцијалните ривали за турнирот во Мајами

Денеска се одржа ждрепката за турнирот во Мајами на кој прв носител ќе биде Карлос Алкараз, откако претходно Новак Ѓоковиќ се откажа од настап.

Алкараз ќе биде слободен во првото коло, а во второто го чека подобриот од мечот меѓу Александар Вукиќ и Роберто Карбалјес Баена.

Шпанецот во третото коло би можел да се соочи со Душан Лајовиќ, а според проекцијата Алкараз не може да се соочи со Данил Медведев и Јаник Синер пред полуфиналето на турнирот.