Алкараз без проблем го мина првото коло на Роланд Гарос

Првиот фаворит за титулата на вториот годинешен гренслем Роланд Гарос, Карлос Алкараз без поголем проблем и во три сета го мина првото коло во Париз, откако го победи Флавио Коболи со 6-0, 6-2, 7-5.

Алкараз за помалку од два часа фуриозно го суреди Коболи, кој дури деветтиот гем успеа да го освои откако остана на нула по првиот сет, а Алкараз во вториот поведе со 2-0 за да си го трасира патот кон освојување и на вториот сет во кој на противникот му дозволи само уште еден гем за 6-2.

Најмногу отпор Коболи даде во третиот, на 3-3 го загуби сервисот за брејк на Шпанецот, имаше и 40-0 на нов сервис на Коболи за побрзо да заврши, а потоа Италијанецот успеа да искористи две брејк шанси за да се врати комплетно во мечот, но немаше сила да издржи барем до тајбрејк. Повторно загуби свој сервис и Алкараз втората шанса не ја испушти.

Следен противник на Алкараз е Таро Даниел од Јапонија, кој во три сета го мина Кристофер О'Конел од Австралија.