Агут го совлада Пела и си закажа полуфинале со Ѓоковиќ

Роберто Баутиста-Агут си обезбеди полуфинале на Вимблдон, откако го совлада Гуидо Пела со 3-1 во сетови, односно 7-5, 6-4, 3-6 и 6-3.

Агут одлично го почна мечот, па уште во првиот сет покажа дека за нијанса е подобар од неговиот противник. Шпанецот ги одби првите два сета, но потоа Пела славеше во третиот со 6-3 и ја врати неизвесноста.

Во четвртиот сет немаше многу дилеми, откако Агут стигна до предност од 4-1, па јасно беше дека лесно ќе стигне до победата.

Шпанецот во полуфинале на турнирот ќе се пресмета против Новак Ѓоковиќ.