Скијачка урлаше од болка по стравичниот пад на трка во Италија (ВИДЕО)

Федерика Брињоне е победничка на денешната трка во супервелеслалом во италијанскиот скијачки центар Вал ди Фаси, но тоа ќе падне во втор план поради инцидентот во кој настрада Кајса Ли Викоф од Норвешка.

Таа при голема брзина изгуби контрола врз скиите и се заби во заштитната ограда, при што стравично одекнаа нејзините крици од голема болка.

 

 

Норвежанката сериозно го повреди коленото и најверојатно цела година ќе биде надвор од скијачките патеки.