Ски-центарот Кожуф е уништен за да се изградат рудници за злато! (ВИДЕО)

На фан-страницата на ски-центарот Кожуф на Фејсбук, се појави видео во кое е објаснето зошто и како е, речиси, уништен најголемиот зимски центар во Македонија и една од најголемите инвестиции во спортска инфраструктура на Балканот.

Мотивите биле изградба на рудници за злато, кои би требало да бидат позиционирани околу ски-центарот, но за чија изградба неопходна била ликвидација на модерниот центар. На крај од видеото, сепак, се вели дека се работи на негово враќање во употреба, откако овој обид е спречен.