Сензација: Канаѓанец стигна до прва победа во кариерата и златен медал во „супер-џи“

Џејмс Крофорд од Канада направи големо изненадување и стигна до првата победа на големите натпреварувања со што освои златен медал на супервелеслаломската трка на Светското првенство во алпско скијање.

Канаѓанецот го освои златниот медал со време од 1.07.22, а тоа беше само за стоти дел од секундата подобро од второпласираниот Александер Омот-Килде од Норвешка.

Бронзениот медал му припадна на Французинот Алексис Пантуро кој задоцни 26 стотинки зад победникот Крофорд.