Неверојатен лет на Кобајаши, но остана без победа (ВИДЕО)

Натпреварите во Светскиот куп во ски-скокови продолжи денеска во Бад Митндорф, Австрија, а летечката скокалница му донесе среќа на домашниот натпреварувач, Штефан Крафт, кој „прелета“ дури 230 метри и со вкупно 232.6 бодови дојде до победа.

Треба да се напомене дека организаторот донел навистина чудна одлука да ја поништи втората серија, иако повеќето од натпреварувачите го изведоа и вториот лет. Останаа водечките тројца, но потоа дојде и одлуката што на крајот му донесе победа на Крафт.

Со оваа одлука, на крајот, Јапонецот Рој Кобајаши го зазема второто место со најдолг скок од 242.5 метри, но поради послаба оценка остана на 231.9 бодови и мораше да се задоволи со второто место. Третото место му припадна на Словенецот Тими Зајц, кој скокна на 228.5 метри.

Стефан Крафт го предводи генералниот пласман во Светскиот куп со 1.273 бодови, а потоа следат Карл Гигер со 1135 и Рој Кобајаши со 1045 бодови.