Пливачот Стојановски убедливо последен во трката на 200 метри градно на СП!

Македонскиот претставник на пливачкото Светско првенство (СП) во Будимпешта, Андреј Стојановски, го освои последното место во квалификациите за место во финалето во трката на 200 метри градно.

Во конкуренција на 46 пливачи, Стојановски ја исплива делницата за 2:26,11 минути, што беше за дури секунда и 33 стотинки полошо од најдоброто време со кое пристигна во унгарската престолнина и на крај заврши како 40., што беше последно место од тие што ја завршија трката.

Најдобро време во квалификациите имаше светскиот рекордер Зек Стублети-Кук, кој патеката ја исплива за 2:09,09 минути.