„Zero Waste“ и „Денот на Спортот“ пристигнуваат во Охрид
На свеченото отворање, младите „симовци“ ќе ги поздрави претседателката на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, Елена Мицковска, градоначалникот на Охрид, Дејан Пецаковски и директорката на мрежа експозитури на Шпаркасе Банка во Охрид, Билјана Вранишкоска.
Езерскиот град исто дава врвни спортисти, на „Денот на спорт“ ќе бидат присутни: Драган Бочески, поранешен фудбалер на Охрид, Вардар, Пелистер…и сегашен тренер во младинските категории ГФК Охрид Лихнидос. Боксерот Наум Стојаноски, кој е член на БК „Алексо Огненовски“ и македонски репрезентативец, како и капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, кој оваа сезона со својот тим го освои ЕХФ Европскиот Куп.

Охрид ќе биде и третиот град во кој ќе се одржи спортско-едукативниот проект „Zero Waste“- Бидете дел од играта – Да ја заштитиме нашата планетата, кој поради својот иновативен пристап кон учењето преку спорт, е популарен кај децата.
„Zero Waste“ кој претходно се одржи во Прилеп и во Битола е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca Cola, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ.
Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад. По интерактивната едукација за заштита на животната средина, децата и младите се натпреваруваат на образовен полигон, а за најдобрите има награди.

„Симовци“ ќе се натпреваруваат во Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, ракомет, баскет 3х3, одбојка и народна.
Организаторите ги покануваат сите деца, родители, наставници и граѓани да бидат дел од овој спортски празник во Охрид – заедно да создадеме нови незаборавни моменти и дружби со Кока Кола, Шпаркасе Банка, Шпаркасе Лизинг и Плазма.
По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес, Кавадарци, Прилеп и Битола, Охрид е десетиот град домаќин на СИМ.
ИГРИТЕ СЕ ЗАКОН!